ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ЗАКОНОТ ЗА ДАНОКОТ НА ЛИЧЕН ДОХОД И ЗАКОНОТ ЗА ДАНОКОТ НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ

Почитувани,

Согласно најавените измени од страна на Владата на РСМ во собраниска процедура влегоа Предлог измени и дополнувања на Законот за данокот на личен доход и Законот за данокот на додадена вредност кои се носат по скратена постапка.

Предлог измените и дополнувањата на законот за данокот на личен доход се во насока на:

1. Одложување на примената на прогресивното оданочување на остварениот доход од работа, доход од самостојна дејност, доход од авторски и сродни права и доход од продажба на сопствени земјоделски производи.

2. Намалување на стапката на оданочување на доходот од закуп и подзакуп, доход од капитал, капитални добивки, доход од осигурување и друг доход.

3. Одложување на оданочувањето на каматите од депозити и капиталните добивки остварени од продажба на хартии од вредност.

4. Доуредување на одредбите од членот 12 од Законот во делот на надоместоците на кои не се плаќа данок на доход (трошоци за сместување и превоз за лица кои се ангажирани за работа кај исплатувачот) и др.

Предлог измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност се во насока на:

1. Пропишување на нов праг за регистрација и нов рок за дерегистрација за ДДВ.

2. Правото на одбивка на претходен данок само со поседување на фискална сметка чиј вкупен промет не надминува 6.000 денари.

3. Даночни ослободувања при увоз на добра кои ги увезуваат воените сили на други држави кои се членки на НАТО и др.

Повеќе околу предлог измените и дополнувањата на Законот за данокот на личен доход и Законот за данокот на додадена вредност на обуките за КПУ.

Предлог – Законот за исменување и дополнување на Законот на личен доход (преземи)

Предлог – Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност (преземи)