ДЕСКТОП АПЛИКАЦИЈА НА МОЈДДВ ЗА СКЕНИРАЊЕ И СТОРНИРАЊЕ НА ФИСКАЛНИ СМЕТКИ

Почитувани,

Управата за јавни приходи објави известување за креирана десктоп апликација на МОЈДДВ за скенирање и сторнирање на фискални сметки.

Известувањето Ви го испраќаме во прилог:

„Управата за јавни приходи известува дека на следниот линк: http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/206 може да се преземе Десктоп апликацијата и упатството за инсталација и користење којашто е наменета за скенирање и сторнирање на фискални сметки.

Со помош на оваа Десктоп апликација и приклучен баркод читач кон персонален компјутер, овластените лица во правните субјекти може да сторнираат фискални сметки.

Покрај мобилната апликацијата МојДДВ, Десктоп апликацијата е уште една можност за скенирање и сторнирање фискални сметки преку персонален компјутер на којшто е приклучен баркод читач.“