АКОНТАЦИЈА ЗА ДАНОК НА ДОБИВКА ЗА МЕСЕЦ СЕПТЕМВРИ 2019 ГОДИНА

Процентот на кумулативниот пораст на цени на мало за месец Септември 2019 година е позитивен и изнесува 0,2%. Врз основа на наведеното месечната аконтација за месец Септември 2019 година се утврдува во висина од 1/12 од годишната даночна обврска утврдена во Даночниот биланс за 2018 година зголемена за 0,2%.