31 МАРТ - РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕТО ЗА ПРЕНЕСУВАЊЕ НА ИСКАЖАНА ЗАГУБА


Почитувани,

Ве потсетуваме дека најдоцна до 31 Март можете да поднесете Барање за пренесување на искажана загуба - Образец ДД-01  до Управата за јавни приходи.

Барањето за пренесување на искажаната загуба се поднесува со цел користење на правото за намалување на даночната основа во идните периоди.

Во Законот за данокот на добивка, член 19 е пропишано право на користење на остварената загуба искажана во Билансот на успех намалена за непризнатите расходи на товар на добивката во идните пресметковни периоди, но најмногу до три години сметано од денот на годината во која е искажана загубата.

Намалувањето на даночниот биланс се врши последаватено почнувајќи од износот на најрано насатанатите даночни загуби но само под услов претходно за овие загуби да се изврши покривање согласно Законот за трговските друштва.


Барањето “ДД-01“ даночниот обврзник го доставува до даночната канцеларија на УЈП или во електронска форма преку http://etax.ujp.gov.mk, најдоцна до 31 март во годината што следи, по годината во која загубата е искажана.

Барање за пренесување на искажана загуба ДД - 01 (преземи)