ОБЈАВЕНО НА 21.09.2018 ГОДИНА

ПРОГРАМА ЗА ДВОДНЕВНО ПРОФЕСИОНАЛНО УСОВРШУВАЊЕ СЕПТЕМВРИ-ОКТОМВРИ ТЕМАТСКА ЕДИНИЦА БР.3/2018

ОБЈАВЕНО НА 13.09.2018

УЈП ОБЈАВИ СООПШТЕНИЕ - ПОВИК ЗА РЕГИСТРАЦИЈА НА СИСТЕМОТ Е-ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК

Согласно, Законот за персоналниот данок на доход („Службен весник на РМ“ бр.80/93...190/17, сите физички лица се должни...

ОБЈАВЕНО НА 07.09.2018 ГОДИНА

 

АКОНТАЦИЈА ЗА ДАНОК НА ДОБИВКА ЗА МЕСЕЦ АВГУСТ 2018 ГОДИНА

Процентот на кумулативниот пораст на цени на мало за месец Август 2018 година изнесува 2.4%. Врз основа на наведеното месечната аконтација за месец Август 2018 година се утврдува во висина од 1/12 од годишната даночна обврска утврдена во Даночниот биланс за 2017 година зголемена за 2.4%.


Друштвото за ревизија РАФАЈЛОВСКИ РЕВИЗИЈА ДОО Скопје објавува:

 О Г Л А С

За пополнување на слободни работни места:

  • 1 (еден) Помлад соработник во Ревизија
  •  1 (еден) Овластен сметководител и
  • 1 (еден) Овластен ревизор
 

Кандидатите покрај општите услови за вработување предвидени во Законот за работни односи потребно е да ги исполнуваат следните квалификации:

За работно место Помлад соработник во ревизија:

  • Завршено високо образование (Економски Факултет)
  • Одлично познавање на работа со компјутер (Microsoft Office и Internet)
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Без работно искуство

За работно место Овластен сметководител:

  • Завршено високо образование (Економски факултет)
  • Уверение за овластен сметководител
  • Одлично познавање на работа со компјутер (Microsoft Office и Internet)
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Работно искуство најмалку 5 години во соодветната област
 

За работно место Овластен ревизор:

  • Завршено високо образование (Економски факултет)
  • Лиценца за овластен ревизор
  • Одлично познавање на работа со компјутер (Microsoft Office и Internet)
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Со работно искуство

Потребни документи:

  • Писмо за интерес
  • Кратка биографија (CV)
  • Копија од уверение за потврда на завршено образование
  • фотографија не постара од шест месеци

Документите да се достават на e-mail: info@rafajlovski.com.mk со назнака за вработување и местото за кое аплицирате или по пошта на адреса ул. Орце Николов бр.190 (п.фах 710)

Одбраните кандидати ќе бидат повикани на интервју и тестирање

Огласот трае 14 дена од денот на објавувањето.

ОБЈАВЕНО НА 27.08.2018

УЈП ОБЈАВИ СООПШТЕНИЕ ЗА ФИНАНСИСКАТА ПОДДРШКА ЗА РАБОТОДАВАЧИТЕ ЗА РАСТ НА ПЛАТИ ВО ПОВИСОК ИЗНОС ОД МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ВО РМ

Согласно, Законот за минималната плата во РМ („Службен весник на РМ“ бр.11/12...140/18) и Правилникот за начинот на обезбедување на финансиската поддршка за раст на плати во повисок износ од минималната плата во РМ...

ОБЈАВЕНО НА 24.08.2018

ПОДАТОЦИ ЗА ПРЕСМЕТКА НА ПЛАТА И НАДОМЕСТОЦИ ОД РАБОТЕН ОДНОС ЗА АВГУСТ 2018 ГОДИНА

Согласно соопштението на ДЗС број 4.1.18.73 од 21.08.2018 година индексот на просечната....

ОБЈАВЕНО НА 21.08.2018

НОВ ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ НА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКАТА ПОДДРШКА ЗА РАСТ НА ПЛАТИ ВО ПОВИСОК ИЗНОС ОД МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ВО РМ

Во „Службен весник на РМ“ бр.153/18 е објавен Правилникот согласно кој при поднесување на Месечната пресметка за интегрирана наплата (МПИН) до УЈП согласно Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, за периодот од јули 2018 година до декември 2019 година...

ОБЈАВЕНО НА 09.08.2018 ГОДИНА

 

АКОНТАЦИЈА ЗА ДАНОК НА ДОБИВКА ЗА МЕСЕЦ ЈУЛИ 2018 ГОДИНА

Процентот на кумулативниот пораст на цени на мало за месец Јули 2018 година изнесува 2.2%. Врз основа на наведеното месечната аконтација за месец Јули 2018 година се утврдува во висина од 1/12 од годишната даночна обврска утврдена во Даночниот биланс за 2017 година зголемена за 2.2%.

ОБЈАВЕНО НА 12.07.2018 ГОДИНА

 

ОБВРСКА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ И ОБЈАВУВАЊЕ НА ТРИМЕСЕЧНИ ИЗВЕШТАИ ЗА ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА

Почитувани, Ве потсетуваме на обврската која ја имаат Јавните претпријатија, а произлегува од последните измени на член 5 од Законот за јавните претпријатија, објавени во „Службен весник на РМ“ бр.64/18

ОБЈАВЕНО НА 10.07.2018 ГОДИНА

 

Нов износ на минимална плата за период јули 2018 - март 2019 година

Почитувани, Во „Службен весник на РМ“ бр.126/18 се објави новиот износ на Минимална плата согласно Законот за минимална плата кој ќе се исплаќа за период јули 2018 заклучно со платата за месец март 2019 година.
Износот на минималната плата во бруто износ изнесува 17.370 денари. Соодветно на тоа износот на мининалната нето плата изнесува 12.165 денари...

123