ЗАБРАНА ЗА ПЛАЌАЊЕ НА СТОКИ И УСЛУГИ СОГЛАСНО НОВИОТ ЗАКОН ЗА СПРЕЧУВАЊЕ ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ НА ТЕРОРИЗАМ


Почитувани,

Во новиот Закон за спречување перење пари и финансирање на тероризам кој е објавен во „Службен Веник на РМ“ број 120/18 во член 48 e пропишано дека почнувајќи од 07 Јули 2018 година, се забранува плаќање со готовина на стоки и услуги во износ од 2.000 евра или повеќе во денарска противвредност во вид на една или повеќе очигледно поврзани трансакции, што не е извршено преку банка, штедилница или преку сметка во друга институција која дава платежни услуги.

Во член 182 од Законот е пропишано дека почнувајќи од 01 Јануари 2019 година износот на забраната за плаќање со готовина на стоки и услуги од членот 48 се намалува на 1.000 евра а од 1 јуни 2019 година на износ од 500 евра или повеќе во денарска противвредност.

Во однос на примената на забраната за готовински плаќања, контрола над правните и физичките лица врши Управата за јавни приходи во согласност со своите надлежности.