Почитувани,

Во „Службен весник на РМ“ бр.179/18 од 26.09.2018 година се објави Спогодба за утврдување на најниската плата за најнизок степен на сложеност и за начинот на пресметување и исплата на платите  во Здравствената дејност.

Спогдбата се склучува врз основа на член 59 точка 1 од Колективниот договор за здравствената дејност на Република Македонија „Службен весник на РМ“ бр.60/06...137/16.

Со оваа спогодба се уредува начинот на пресметување и исплата на платите во здравствената дејност во РМ. Најниската плата се утврдува во износ од 13.286,00 денари.

Утврдената најниска плата за одделни степени на сложеност за полно работно време и нормален учинок на вработен во јавна здравствена установа и на здравствен работник вработен во казнено-поправни и воспитно-поправни установи во кои се спроведуваат одредени мерки од здравствената дејност на примарно ниво на лицата сместени во нив се утврдува така што износот на најниската плата (13.286,00 денари) се множи со соодветниот коефициент за одделни степени на сложеност утврдени во Колективниот договор за здравствената дејност.

Пресметката на најниската плата утврдена во оваа спогодба ќе отпочне да се применува со исплатата на платата за месец Септември 2018 година.

Спогодбата можете да ја преземете на следниот линк (преземи)