ОБВРСКА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ И ОБЈАВУВАЊЕ НА ТРИМЕСЕЧНИ ИЗВЕШТАИ ЗА ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА

Почитувани,

Ве потсетуваме на обврската која ја имаат Јавните претпријатија, а произлегува од последните измени на член 5 од Законот за јавните претпријатија, објавени во „Службен весник на РМ“ бр.64/18.

Согласно измените јавните претрпијатија се должни:

  • Да ги доставуваат до основачот усвоените тримесечни извештаи кои содржат показатели за финансиското работење, најдоцна 20 дена по истекот на тримесечјето. (20 Јули 2018 година)
  • По усвојување на тримесечниот извештај кој содржи показатели за финансиското работење од страна на управниот одбор на јавното претпријатие, истиот да го објави на својата веб страница најдоцна 30 дена по истекот на тримесечјето. (30 Јули 2018 година)
Јавните претпријатија кои немаат веб страница, извештајот се должни да го објават на веб страницата на основачот.