НОВ ЗАКОН ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ИНВЕСТИЦИИ 

Почитувани,
  
Во „Службен Весник на РМ“ бр.83/18 се објави нов Закон за финансиска поддршка на инвестициите со кој се уредуваат видовите, висината, условите, начинот и постапката за доделување на финансиска подршка на инвестициите на деловните субјекти кои ќе инвестираат во Република Македонија. 

Целта на Законот е создавање на правна рамка за поттикнување на економскиот раст и развој преку Владини поддршки да се изврши:

Зголемување на конкурентноста на економијата, и 
Зголемување на вработувањата.

Дополнително врз основа на член 43 став (3) од Законот,  Во „Службен весник на РМ“ бр.106/18 се објавија два подзаконски акти (правилници) со кои се уредува:

1. Формата и содржината на барањето за исплата на финансиската поддршка и потребната документација, и
2. Формата и содржината на барањето за доделување на финанска поддршка и потребната документација.

Со цел полесно разбирање и обработка на донесените нови законски прописи Рафајловски Консалтинг за Вас спреми напис во кој детално ги обработуваме сите одредби од новодонесениот Закон. 

Во прилог можете да го преземете написот објавен во Репрезент бр.5/2018, Законот за финансиска поддршка на инвестициите, Правилникот за формата и содржината на барањето за исплата на финансиската поддршка и потребната документација и Правилникот за Формата и содржината на барањето за доделување на финанска поддршка и потребната документација.
 
Линкови за преземање: