НОВ ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ НА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКАТА ПОДДРШКА ЗА РАСТ НА ПЛАТИ ВО ПОВИСОК ИЗНОС ОД МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ВО РМ

Почитувани, 

Во „Службен весник на РМ“ бр.153/18 е објавен Правилникот согласно кој при поднесување на Месечната пресметка за интегрирана наплата (МПИН) до УЈП согласно Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, за периодот од јули 2018 година до декември 2019 година, од страна на работодавачот се означуваат вработените лица за кои се бара обезбедување на финансиска поддршка за раст на платите во повисок износ од минималната плата, со шифра 402.

УЈП врши прием, обработка и контрола на исполнетоста на условите за добивање на финансиската поддршка.

Во Правилникот е дадена преодна сметка 889 на која ќе се враќа добиената финансиска поддршка на Министерството за труд и социјална политика, ако работодавачот не ги исполнувал условите од член 5-д од Законот за минималната плата во РМ.

Правилникот за начинот на обезбедување на финансиската поддршка за раст на плати во повисок износ од минималната плата во РМ кој е во сила и примена од 18.08.2018 година, можете да го преземете на следниот линк: ПРЕЗЕМИ