Почитувани,
 
Институтот на сметководители и овластени сметководители објави известување  со цел навремена достава на годишните сметки и финансиските извештаи за 2017 година во Централниот Регистар на РМ.

Во прилог соопштението ви го пренесуваме во целост:

"Со цел навремена достава на годишните сметки и финансиските извештаи за 2017 година во Централен Регистар на РМ, сме во секојдневна комуникација и истовремено ве известуваме дека сите предмети за добивање уверениjа и/или Лиценци за работа се ажурирани.

Eлектронската евиденција секојдневно се ажурира со Централниот Регистар на РМ, па ве молиме сите кои се уште не сте доставиле Барање за упис во некој од регистрите истото да го сторите што е можно поскоро.

Колегите кои ќе вршат достава на годишните сметки во хартиена форма, препорачуваме, а со цел избегнување несакани ситуации, со обрасците за годишната сметка 2017 година, да доставуваат:

копија од Уверението за сметководител и/или овластениот сметководител и/или Лиценцата за работа и/или доказ за вработување во фирмата кај која сте вработени."

Соопштението е преземено од веб страната на Институтот за сметководители и овластени сметководители: (ЛИНК)

Со почит,
Рафајловски Консалтинг