ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ТРГОВИЈА
„Службен Весник на РМ“ бр.120/18


Почитувани,

Во „Службен весник на РМ“ бр.120/18 се објавија измени на Законот за трговија. Донесените измени се во фунција на укинување на ограничувањата во Законот кои беа воведени во 2008 година, а кои се однесуваат на ограничувањето на времето на продажба на алкохолни пијалаци во трговијата на мало и на забраната за продажба на алкохолни пијалоци во киосците.

Со новите законски измени се УКИНУВА одредбата која предвидува ограничување на продажбата на алкохолни пијалоци до 19,00 часот односно до 21,00 за летниот период (од 1 мај до 30 септември).

ОСТАНУВААТ одредбите со кои се забранува продажбата на алкохолни пијалаци во продавниците во состав на бензиските станици.