ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ДАНОКОТ НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ


Почитувани,
 

Во „Службен весник на РМ“ бр.198 од 31.10.2018 објавени се измените на Законот за данокот на додадена вредност со кои измени се продолжува рокот за оданочување со повластена даночна стапка од 5% на првиот промет на станбени згради и станови во оној дел во кој истите се користат за станбени цели и кој ќе се изврши во рок до пет години по изградбата.

Рокот за оданочување со повластена даночна стапка на овој вид на промет се продолжува до 31 Декември 2023 година.


Со почит
Рафајловски Консалтинг