Почитувани,

Со измените и дополнувањата на Законот за персоналниот данок на доход „Службен весник на РМ“ бр.190/17, член 97-а став 2, обврзникот кој започнува да врши самостојна дејност, месечните аконтации на персоналниот данок на доход за првата година ги плаќа на основица од 50% од просечна нето плата по работник во Република Македонија објавена во Јануари во тековната година според податоците на Државниот завод за статистика.

Согласно соопштението на ДЗС бр. 4.1.18.07 објавено на 23.01.2018 година, просечна нето плата по работник во Република Македонија изнесува 23.196 денари. Од таму, самостојните вршители на дејност, трговци поединци кои дејноста почнуваат да ја вршат во 2018 година, аконтацијата на персоналниот данок на доход до крајот на годината, ќе ја пресметуваат и плаќаат на основица од 11.598 денари (50% од 23.196 денари).

 

Со почит,
Рафајловски Консалтинг