Почитувани,


Ве потсетуваме дека согласно член 23 од Законот за вршење на сметководствени работи „Службен весник на РМ“ бр.95/12...193/17, трговецот - поединец - сметковoдител, трговецот поединец - овластен сметководител и друштво за вршење на сметководствени работи се должни најдоцна до
31 Јануари 2018 година, да му достават на Институтот на сметководители и овластени сметководители:

  1. Список на лица вработени како сметковдители и овластени сметководители со регистарски број под кој се запишани во соодветниот регистар кај Институтот
  2. Доказ за годишно осигурување од штета при вршење на професионална дејност во износот утврден во членот 21 став (2) точка 5 од Законот.


За не доставување на список на лица и доказ за годишно осигурување од штета во член 45 од Законоте предвидена глоба во износ од 4.000 евра во денарска притиввредност за трговецот - поединец - сметковдител, трговецот поединец - овластен сметководител и друштвото за вршење на сметководствени работи, и глоба во износ од 30% од одмерената глоба за одговорното лице.


Со почит,
Рафајловски Консалтинг