објавено на 20.09.2013 година

Правилник за техничките и функционалните карактеристики на интегрираниот автоматски систем за управување, образецот на фискалната сметка ...

 

Во „Службен весник на РМ“ бр.126/13 е објавен нов Правилник со кој се пропишуваат техничките и функционалните карактеристики на интегрираниот автоматски систем за управување, образецот на фискалната сметка, образецот на фискалното лого, издавањето на документ касова сметка за сторна трансакција, формата и содржината на книгата за дневни финансиски извештаи ...

објавено на 01.10.2013 година

Aконтација за данок на добивка за месец Септември 2013 година


Процентот на кумулативниот пораст на цени на мало за месец Септември 2013 година е 1,2%

ОБЈАВЕНО НА 27.09.2013 ГОДИНА

Податоци за пресметка на плата и надоместоци од работен однос за месец Септември 2013 година

Согласно соопштението на ДЗС број. 4.1.13.82 од 27.09.2013 година индексот на просечната месечна исплатена нето плата по вработен....

објавено на 02.09.2013 година

Aконтација за данок на добивка за месец Август 2013 година


Процентот на кумулативниот пораст на цени на мало за месец Август 2013 година е 1,2%

ОБЈАВЕНО НА 29.08.2013 ГОДИНА

Податоци за пресметка на плата и надоместоци од работен однос за месец Август 2013 година

Согласно соопштението на ДЗС број. 4.1.13.72 од 27.08.2013 година индексот на просечната месечна исплатена нето плата по вработен....

објавено на 01.08.2013 година

Aконтација за данок на добивка за месец Јули 2013 година


Процентот на кумулативниот пораст на цени на мало за месец Јули 2013 година е 1,1%

ОБЈАВЕНО НА 29.07.2013 ГОДИНА

Податоци за пресметка на плата и надоместоци од работен однос за месец Јули 2013 година

Согласно соопштението на ДЗС број. 4.1.13.63 од 29.07.2013 година индексот на просечната месечна исплатена нето плата по вработен....

објавено на 31.07.2013 година

Правилник за нормираните износи на кало, растур, крш и расипување на стоки и одделни производи утврдени за секоја соодветна гранка за даночни цели

 
Согласно член 11 став 2 од Законот за данок на добивка од страна на Министерството за финансии пропишан е Правилникот кој ги пропишува нормираните износи на кало, растур, крш и расипување на стоки и одделни производи за секоја соодветна гранка за даночни цели објавен во „Службен весник на РМ“ бр.106/13. Нормираните износи на кало, растур, крш и расипување се изразени во процент од количината на стоката која во одреден даночен период е набавена, преработена, произведена или продадена.

Правилникот кој ги пропишува нормираните износи на кало, растур, крш и расипување на стоки и одделни производи ќе почне да се применува од 1 Јануари 2014 година.

Правилникот можете да го преземете од затворениот дел на веб страната во делот Р-Регистар (напоменуваме дека за да пристапите во затворениот дел на веб страната потребно е да се логирате со ваше корисничко име и лозинка)

Објавено на 22.07.2013 година

Закон за вршење на сметководствени работи

Согласно Одлуката на Уставниот суд на Република Македонија бр.141/12 објавена во „Сл. Весник на РМ“ бр.102/13 од 18.07.2013 година се укинува точката 5 од ставот 1 од членот 30 од Законот за вршење на сметководствени работи.

Точката 5 се однесува на тоа дека доколку сметководителот односно овластениот сметководител е осуден со правосилна судска пресуда во врска со работењето се брише од соодветниот регистар.

Оваа точка е спротивна на уставното начело дека „секое лице е невино се додека не се докаже спротивното“.

објавено на 28.06.2013 година

Нова референтна стапка за пресметување на стапката на казнена камата од 01.07.2013 до 31.12.2013 година

 

НБРМ ја објави новата референтна стапка за пресметување на стапката на казнената камата за периодот од 01.07.2013 до 31.12.2013 година која изнесува 3,50%.

Врз основа на тоа:

  • Стапката на казнената камата во денари помеѓу трговските договори и договорите помеѓу трговци и лица на јавното право, изнесува 13,50% и,

  • Стапката на казнената камата во денари во договорите во кои барем едно лице не е трговец, изнесува 11,50%.

Едномесечната стапка на Еурибор изнесува 0,123
1234