Согласно Законот за заштита од вознемирување на работно место („Сл. Весник на РМ“ бр.79/13) кој е во сила од  08.06.2013 година работодавачот е должен да ги информира и запознае работниците со мерките и постапката во врска со заштитата од вознемирување на работно место и со правата, обврските и одговорностите на работодавачот и работникот при самото вработување и во текот на работењето.

Работодавачот треба да има писмен доказ од работникот дека бил информиран за заштитата од вознемирување на работно место.

За информирање на веќе вработените работници законот предвидел рок од 3 месеци од влегувањето во сила на овој Закон, а тоа е 08.09.2013 година.

За нововработените информирањето треба да се изврши при потпишување на договорот за вработување.

Ако работодавачот не ја исполни оваа обврска може да се соочи со прекршочна санкција. Санкцијата за правното лице е во висина од 5.000 до 6.000 евра во денарска противвредност, а за одговорното лице - управителот од 3.000 до 4.000 евра во денарска противвредност.

Законот можете да го преземете на следниот линк... (преземи)