објавено на 31.12.2013 година

ВАЖНИ Измени на Законот за вршење на сметководствени работи!!!

 

Почитувани претплатници,

Ви ја испраќаме Најубавата Честитка по повод Новогодишните празници.

Тоа е Предлог Законот за измени и дополнување на Законот за вршење на сметководствени работи.

Овие измени го претставуваат сето она за што во изминатава година Ви зборувавме како куќа која секогаш силно и достоинствено ги брани ставовите на нашата фела. Тоа што Ви го ветивме тоа го исполнуваме и воедно му се заблагодаруваме на разбирањето на Министерството за финансии за важноста на нашата струка и нејзиното значење во Република Македонија.

Нека ни е со среќа зошто оваа измена отвори порта за сите Вас храбро и достоинствено да дојдете до она за кое што најмногу се бориме сите ние - а тоа е почитуван сметководител и овластен сметководител, препознaен од сите во Република Македонија.

ПРЕДЛОГ ИЗМЕНИ:

А. Сите лица кои не поднеле до истекот на роковите барање за добивање на Уверение согласно Законот за вршење на сметководствени работи, ќе можат во рок од 90 дена од донесување на овој Предлог Закон да поднесат ново барање за добивање на Уверение за сметководител или пак уверение за овластен сметководител.

Б. Лицата кои до денот на влегување во сила на овој Закон ги исполниле условите за добивање лиценца со трајна важност согласно Законот за вршење на сметководствени работи ќе можат во рок од 90 дена од влегувањето во сила на овој Закон да поднесат барање до Министерство за финансии за добивање Уверение со трајна важност.

В. Важноста на Уверенијата за сметководител и овластен сметководител со овој Предлог Закон се продолжуваат од 24 месеци од денот на издавањето на 48 месеци од денот на издавањето.

Г.  Првиот испит за стекнување на лиценца за Уверение за сметководител, односно овластен сметководител ќе се спроведе во рок од 9 месеци од денот на изборот на Управниот одбор на институтот.
 

Д. Регистарот на сметководители и овластени сметководители ќе се воспостави во рок од 4 месеци од изборот на управниот одбор.

Со ова почитувани претплатници уште еднаш ја потврдивме нашата заложба и се надевам дека ја оправдавме довербата што ја имавте во нас во изминатиов период и сите овие години како наши комитенти.

Со почит,

Тимот на Рафајловски консалтинг