Измени и дополнувања на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството

 

Почитувани,

Сојузот на синдикати на Македонија и Организацијата на работодавачи на Македонија склучија спогодба за изменување и дополнување на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството.

Со склучената спогодба се изменија неколку суштински одредби во ОКДПСОС а една од најважните измени се однесува на пропишување на правото на работникот за регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40% од основицата, под услов работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач. Најнискиот износ на надоместок за регрес за годишен одмор кој му следува на работникот изнесува 40% од просечна месечна нето плата исплатена во последните 3 месеци.

Согласно соопштението на ССМ овој ОКД ќе важи во наредните 2 години од денот на објавување во Службен весник на РМ.

За другите измени на ОКДПСОС и склучената спогодба ќе Ве известиме веднаш по излегување на измената во Службен весник на РМ.