објавено на 08.01.2014 година

УРЕДБА ЗА ИЗДАТОЦИТЕ ЗА СЛУЖБЕНИ ПАТУВАЊА И СЕЛИДБИ ВО СТРАНСТВО

Согласно Уредбата за изменување на Уредбата за издатоците за службени патувања и селидби во странство што на органите на државната управа им се признаваат во тековни трошоци „Сл. весник на РМ“ бр. 01/14:

Износот на дневница се исплатува и тоа:

- 35% од утврдената дневница, ако се поднесе сметка за сместување, како и во случаи кога сместувањето не паѓа на товар на органот на управата,
- ако издатоците за сместување и исхрана не паѓаат на товар на органот на управување не се исплатува дневница; и
- ако издатоците за стручно оспособување и усовршување не паѓаат на товар на органот на државната управа, а престојот е над 30 дена не се исплатува дневница. Под стручно усовршување се подразбира посета на семинари, курсеви, симпозиуми и други видови средби организирани во странство на мултилатерална или билатерална основа. 

Овој износ на утвдена дневница ќе се применува до 31.12.2014 година.