Упатство за остварување на ослободување од ДДВ за проекти финансирани од странски донатори и ИПА фондови

На веб страната на УЈП е објавено ново Упатство кое обезбедува јасни насоки за имплементаторите на проекти и вршителите на промет на добра и услуги кон проекти финансирани од странски донатори и ИПА фондови, а со цел правилно спроведување за постапката за остварување на правото на ДДВ ослободување пропишано со член 24-а и 53-а од Законот за данокот на додадена вредност.

Упатството обезбедува и практични информации за:

  • начинот и роковите за поднесување на Пријава за промет на добра и услуги ослободен од данок на додадена вредност согласно член 24-а од Законот за данокот на додадена вредност (образец ДДВ-ПЕФ-ДО) до УЈП;

  • начинот на издавање и сторнирање на Фактура за промет ослободен од данок на додадена вредност согласно член 24-а од Законот за данокот на додадена вредност (образец ДДВ-ФП-ДО);

  • начинот и роковите за поднесување на Eвиденција на примени фактури која ја води примателот на прометот (образец ДДВ-ЕПФ);

  • користење на системот е-Даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk во постапката за остварување на правото на ДДВ ослободување.

Упатството можете да го преземете на следниот линк (преземи)