објавено на 15.05.2012 година

Задолжителен товарен лист за превоз на стоки за сопствени потреби

Законот за превоз во патниот сообраќај (“Службен весник на РМ“ број 68/04...06/12)

 

1. Засилена е контролата за носење на ТОВАРЕН ЛИСТ при превоз на стоки во меѓународниот и внатрешниот патен сообраќај.

Оваа обврска важи и за превозот на стоки за СОПСТВЕНИ ПОТРЕБИ.

2. За превозот на стоки за СОПСТВЕНИ ПОТРЕБИ во внатрешниот патен сообраќај во возилото мора да има:

1. товарен лист,

2. патен налог и

3. испратница

4. Лиценца - САМО ако возилото, товарот и приколката (ако ја има) ја надминува тежината од 3,5 тони.

3. Глоба во износ од 3.000 до 5.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице и глоба во износ од 1.000 до 2.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече и на одговорното лице во правното лице за непочитување на оваа обврска.

Државен инспекторат за транспорт 02 2464 510

Член 79

При извршувањето на превозот на стоки за сопствени потреби во меѓународниот и внатрешниот патен сообраќај во возилото мора да се наоѓа:

- извод од лиценца во оригинал,

- патен налог,

- сертификат за учество на возачите во меѓународниот патен сообраќај доколку се врши меѓународен превоз за сопствени потреби,

 - дозвола за меѓународен превоз на стока доколку таа се бара согласно со     меѓународна спогодба или договор за превоз на патници и стока во патниот сообраќај склучена меѓу Република Македонија и земјата до, од или преку чија територија се извршува.

- товарен лист и

- доказ од кој може да се утврди дека се работи за превоз од членот 77 став 2 на овој закон. (ИСПРАТНИЦА)

Одредбите од ставот 1 алинеја 1 на овој член не се применуваат за возила чија најголема носивост не надминува 3,5 тони вклучувајќи ја и приколката, кои се користат за сопствен превоз.

Ставот 2 на овој член врши исклучок само на поседување на лиценцата за превоз.

Оваа лиценца НЕ МОРА да ја има друштвото што врши превоз за сопствени потреби само ако товарот заедно со возилото и приколката (ако ја има) не надминуваат 3,5 тони.

Лиценцата како и сите други документи од овој член се ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ако возилото, товарот и приколката ја надминува тежината од 3,5 тони.

Член 97

Глоба во износ од 3.000 до 5.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице, ако:

15-а) во возилото нема извод од лиценца (член 64 став 3 и член 79 став 1);

16) возилото нема патен налог и товарен лист (член 64 став 4 и член 79 став 1)

17) во возилото нема товарен лист и дозвола доколку таа се бара (член 66 став 2 и член 79 став 1).

За прекршок од ставот 1 на овој член глоба во износ од 1.000 до 2.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече и на одговорното лице во правното лице.