vestiобјавено на 05.11.2012 година

Предлог измена на Законот за Трговските друштва

Почитувани,

Согласно Предлог - Законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва се врши усогласување на истиот со Законот за вршење на сметководствени работи.

Во членот 3 од Предлог - Законот за изменување и дополнување на законот за трговските друштва се предвидува дека „Годишната сметка и финансиските извештаи ги потпишува сметководителот односно овластениот сметководител кој ги составил, при што го наведува датумот на нивното составување и потпишување и регистарскиот број под кој е евидентиран во Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија.

 

Во завршните и преодните одредби од предлог измената на законот во членот 14 се предвидува овие измени на одредбите да се применуваат од 01.03.2013 година.

 

Напоменуваме дека ова е предлог измена на Законот за трговските друштва и истата сеуште е во собраниска процедура на прво читање. Целиот текст на измената можете да го преземете на следниов линк (отвори)