објавено на 19.12.2012 година

ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ЗАКОНОТ ЗА ДДВ

Почитувани,

Собранието на Република Македонија донесе Закон за изменување и дополнување на Законот за ДДВ, објавен во Службен весник на РМ број 155/12, кој стапи во сила од 18.12.2012 година.

ДАНОЧНИ ОСЛОБОДУВАЊА БЕЗ ПРАВО НА ОДБИВКА НА ДДВ

Со измените на член 23 став 1 точка 8 и новата точка 8-а се дефинираат критериумите врз основа на кои даночниот обврзник може да користи даночни ослободувања за прометот на добра и услуги од областа на културата што е од национален интерес

Се ослободуваат од ДДВ:

1.     Прометот од установите што вршат дејност од областа на културата со непрофитна цел и прометот на ботанички градини, животински паркови, паркови, архиви и документациони центри

2.     Прометот на влезници за јавни настани кои се од национален интерес од областа на културата. Даночниот обврзник пред да започне со прометот на влезниците треба да обезбеди документ од Министерството за култура дека тие јавни настани се финансираат преку годишната програма за остварување на националниот интерес во областа на културата

ДАНОЧНИ ОСЛОБОДУВАЊА ПРИ УВОЗ НА ДОБРА

  Со измените на член 27-б став 1 точка 3 и новата точка 26-а се врши усогласување на Законот за ДДВ со Царинскиот закон

Се ослободуваат од плаќање на ДДВ:

3.     Државјаните на Република Македонија и странски државјани за предмети од некомерцијална природа со мала вредност испратени од физички лица од странство

4.     Пратки со мала вредност од странство чија вкупна вредност по пратка не го надминува износот од 22 евра во денарска противвредност

Важно: Ослободувањата не се однесуваат на тутун, производи од тутун, алкохол и алкохолни пијалаци, како и на парфеми и тоалетни води

ДАНОЧНА СТАПКА ОД 5% ЗА ОДРЕДЕНИ ДОБРА

Се укинува временото ограничување кое беше пропишано до 31.12.2012 година.

Со повластена даночна стапка од 5% трајно ќе се оданочува прометот и увозот на машини за автоматска обработка на податоци и нивни единици (компјутери) и термални сончеви системи и компоненти, како и прометот на услуги за софтвер за машини за автоматска обработка на податоци и нивни единици (компјутери)

Во Новиот прирачник за ДДВ имплементирани се последните промени и дополнувања  на Законот за ДДВ. Normal 0 false false false MK X-NONE X-NONE