објавено на 24.02.2012 година

Измена во Законот за здраствено осигурување

Објавени се нови измени на Законот за здраствено осигурување („Сл. Весник на РМ“ бр.26/12 во натамошниот текст измени) кој стапува на сила од 29.02.2012 година.

Овие измени меѓу другото се однесуваат на член 18 од Законот за здраствено осигурување со кој се уредува исплатата на надоместокот од плата во случај на спреченост од работа заради болест. Имено досегашното решение да овој надоместок до 21 ден паѓа на товар на работодавачот, со измените надоместокот на товар на работодавач сега е до 30 дена, а над 30-от ден на Фондот. Со измените се утврдува исплата на боледување на товар на работодавачот од првиот до последниот ден на боледување во случај кога привремената спреченот за работа поради повреда на работа настанала како последица од необезбедување на мерките утврдени со прописите од областна на безбедноста и здравјето при работа од страна на работодавачот.

Со овие измени нова обврска за осигурениците, а тоа е дека во рок од (8) осум дена од добивањето на извештајот од матичниот лекар или од првостепената лекарска комисија на Фондот, осигуреникот овие документи мора да ги достави до работодавачот, односно Фондот, во спротивно осигуреникот е должен да се јави на работа.

Со член 31 од измените, Постапките за остварување на правата од задолжително здраствено осигурување кои се во тек на денот на влегувањето во сила на измените, ќе продолжат согласно со одредбите од овие измени.