Почитувани,

Во Собраниска процедура на прво читање е влезен Предлог - Закон за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Македонија кој го уредува прашањето за висината на минималната плата нејзината исплата, усогласувањето на истата, инспекцискиот надзор, прекршочните одредби и сл.


Со предложените измени и дополнувања на Законот се уредуваат следните прашања:

  1. Нормираниот учинок;
  2. Сразмерниот дел за исплата на плата доколку работникот работи со скратено или неполно работно време;
  3. Начинот на утврдување на висината на минималната плата секоја година;
  4. Финансиската помош за исплата на минималната плата која субјектите ќе ја добиваат од страна на државата;
  5. Условите за користење на финансиската помош;
  6. Висината на минималната плата за период септември 2017 заклучно со исплата на платата за јуни 2018 година и други измени.
Предлог - Законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Македонија можете да го преземете на следниот линк (ПРЕЗЕМИ