Почитувани,

Со одлука на Владата на Република Македонија објавена во „Сл. Весник на РМ“ бр.86/17 се утврди нов распоред на работното време во Владата на Република Македонија, Министерствата и другите органи на државната управа.

Почнувајќи од 01 Септември 2017 година распоредот на работното време се утврдува на следниот начин:
  1. Влада на Република МакедонијаМинистерствата и другите органи на државната управа - (почеток помеѓу 07:30 - 08:30) - (завршеток 15:30 - 16:30)
Со исклучок на:
  1. Управата за Јавни приходи - двосменско работење
    • прва смена (почеток 07:00 до 14:30)
    • втора смена (почеток 14:00 до 21:30)
    • Прва сабота во месецот ( почеток 08:00 до 16:00)
  2. Царинската управа, Управата за водење матични книги, Министерството за внатрешни работи - подрачните отсеци во Секторот за управно надзорни работи во Одделот за граѓански работи и Министерството за одбрана - одделенијата за одбрана за региони, во состав на Секторот за цивилно воена соработка со регионални центри за одбрана - двосменско работење
    • прва смена (почеток 07:00 до 14:30)
    • втора смена (почеток 14:00 до 21:30)
    • Прва сабота во месецот ( почеток 08:00 до 16:00)
  3. Државниот инспекторат за труд, Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за животна средина, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Државниот инспекторат за техничка инспекција - работното време ќе се одвива од понеделник до сабота од 08:30 до 16:30 а слободен ден ќе се користи во текот на работната недела.