Почитувани,
 

Директорката на УЈП Сања Лукаревска во обраќање за медиумите најави нови даночни мерки и предизвици на даночните реформи кои се во насока кон подобрување на квалитетот на даночните услуги, поедноставување на даночните постапки за навремено и точно исполнување на обврските и праведно и ефикасно собирање на даноците.

Една од новите реформи кои ќе овозможат поедноставување на процедурите за пријавување и плаќање на данокот се во областа на пријаувањето и плаќањето на Персоналниот данок на доход.

Почнувајќи од Август 2017 година, Управата за Јавни приходи ќе отпочне со активности за вклучување на сите засегнати страни (фокус групи) во процесот на креирање и тестирање на даночните услуги од новиот систем е-Персонален данок, кој вклучува:

( I фаза)

  • Изготување и поднесување на електронска пресметка (е-ПДД) од фирмите-исплатувачи, за исплата на приход и за пресметка на ПДД што се плаќа по одбивка;
  • Изготвување и поднесување на електронска пресметка (е-ПДД) од граѓаните-физички лица, за остварен приход и за пресметка на аконтација ПДД;
  • Издавање и доставување на електронски налог од УЈП до носителите на платен промет за едновремена и неделива исплата на приходот на физичкото лице и уплата на ПДД по одбивка;
  • Можност граѓанинот во текот на целата година да има увид (извештај) за неговите приходи за кои е платен ПДД по одбивка од страна на фирмите-исплатувачи;
  • Поднесување на барања за користење на даночните олеснувања и ослободувања според договорите за одбегнување на двојното оданочување, за приходи кои се остварени во странство.
( II фаза)
  • Издавање на пополнета Годишна даночна пријава (ПДД-ГДП) од УЈП, за остварените приходи, пресметанот и платениот ПДД за граѓаните;
  • Можност граѓанинот да ја добие пополнетата Годишна даночна пријава изготвена од страна на УЈП и истата да ја потврди.
Исто така УЈП најави засилен мониторинг на готовинскиот промет, пред се заради превентивно делување во пресрет на најавените настани од спортски, културен и забавен карактер за време на летниот период (Супер Куп, Пивофест, Струмица Опен фестивал и др.) но и заради подигнување на степенот на даночна усогласеност.

Целото соопштение како и видео од обраќањето на директорката на УЈП можете да ги преземете на следните линкови:
Види обраќање (отвори)
Преземи соопштение (отвори)