Почитувани,
 
Со задоволство ве известуваме дека РАФАЈЛОВСКИ КОНСАЛТИНГ се стекна со акредитација за вршење на континуирано професионално усовршување на сметководители и овластени сметководители кое се спроведува согласно Законот за вршење на сметководствени работи.
 
Акредитацијата е добиена од страна на ICC - „Macedonia International Chamber of Commerce“

Согласно договорот со Институтот на сметководители и овластени сметководители и потребата за овозможување на континуирано професионално усовршување, советувањата ќе започнат по 15 Септември како би се овозможило остварување на 30 работни часа за оваа година а во наредните две години ќе се овозможи постигнување на бројката од 120 работни часа потребни за одржување на уверението за сметководител и овластен сметководител.
 
Рафајловски Консалтинг како најголема и најстара консалтинг куќа која се занимава со оваа дејност ќе ви овозможи соодветен број на советувања за чии термини писмено ќе бидете известени во првата декада на месец Септември како би имале доволно време да го испланирате вашето време согласно вашите можности и работни обврски.
 
Исто така во прилог ви доставуваме и список на компании кои се стекнаа со акредитација за вршење на континуирано професионално усовршување согласно спроведениот јавен повик од страна на ИЦЦ НК за Република Македонија (
ОТВОРИ)

Со огромна почит и благодарност за нашата досегашна и со надеж за идна успешна и плодна долгогодишна соработка!
 
Со почит
Рафајловски Консалтинг ДОО