Почитувани,

Со предложените измени и дополнувања на Законот за персоналниот данок на доход кој е во собраниска процедура се предлагаат измени во начинот и постапката на пријавување и плаќање на  персоналниот данок на доход за фирмите и граѓаните. Поедноставената постапка опфаќа:
  • Поднесување на Електронска пресметка за приход и данок (е-ППД);
  • Издавање на Електронски налог за плаќање на данокот од УЈП;
  • Намалување на грешките при пресметување на, и плаќање на персоналниот данок;
  • Укинување на годишните и месечните извештаи кои исплатувачите ги доставуваат до УЈП;
  • Издавање на пополнета Годишна даночна пријава (ПДД-ГДП) од страна на УЈП и потврда на податоците од страна на граѓаните.
За да се користат услугите на електронско пријавување и плаќање на персоналниот данок на доход согласно упатството на УЈП граѓаните и фирмите потребно е да се најават на системот e-pdd.ujp.gov.mk или да се пополни БАРАЊЕ ЗА РЕГИСТРАЦИЈА. Барањето го пополнува граѓанинот или неговиот полномошник и се доставува во даночната канцеларија на УЈП за да се идентификува и потврди неговата регистрација како корисник на e-pdd.ujp.gov.mkЗа користење на системот e-pdd.ujp.gov.mkфирмите треба претходно да се регистрирани на системот е-Даноци со дигитален сертификат. Фирмите и граѓаните кои се веќе регистрирани као корисници на системот е-Даноци etax-fl.ujp.gov.mk, не треба да се регистрираат за користење на услугата е-Персонален данок, односно УЈП автоматски ќе ги преземе податоците и истите ќе ги регистрира во системот e-pdd.ujp.gov.mk.

ПОДНЕСУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКА ПРЕСМЕТКА ЗА ПРИХОД И ДАНОК (Е-ПДД)
Со цел поднесување на електронската пресметка за приход, обврзникот е должен онлајн или со вчитување на xml file  да ги пополни податоците за видот и износот на приходите за исплата/остварените приходи. За оние кои не се регистрирани корисници на е-Даноци со дигитален сертификат, УЈП ќе достави ПИНКОД по е-пошта на обврзникот кој со доставениот ПИНКОД или дигитален сертификат ќе може да ја  потпише електронската пресметка (е-ПДД). По извршената проверка за одобрување на точната Електронска пресметка (е-ПДД), УЈП на е-поштата на обврзникот/подносителот на пресметката ќе му достави Рекапитулација за утврдување на аконтација на данок на доход, со Спецификација на пресметаните бруто износи, одбитоци, аконтации на персоналниот данок и нето износи за исплата заедно со Збирен налог за плаќање. УЈП ќе достави по електронски пат до банките поединечни налози за исплата на нето приходите и за плаќање на аконтациите на ПДД. Во случаи кога Електронската пресметка (е-ПДД) содржи грешни податоци, системот ќе ја одбие, а УЈП на е-поштата на обврзникот/подносителот на пресметката ќе му достави Рекапитулација за утврдување на аконтацијата на данок на доход со Преглед на грешки. Во случаи кога вашата Електронска пресметка е одбиена поради утврдени други податоци за фактичката состојба, УЈП на е-поштата на обврзникот/подносителот ќе достави Рекапитулација за утврдување на аконтација на данок на доход со Збирен налог за плаќање и Даночно решение за утврдување на аконтација на данок на доход. Збирниот налог за плаќање доставен од УЈП по е-пошта, потребно е да се достави до банка за плаќање.

ДРУГИ ДАНОЧНИ УСЛУГИ ПРЕКУ Е-ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК

Граѓаните и фирмите покрај поднесувањето на електорнските пресметки преку системот е-Персонален данок ќе можат да користат и други даночни услуги:
  • Поднесување на барања за користење на даночно олеснување или ослободување за одбегнување на двојното оданочување, од страна на исплатувачите за исплата на приходи на граѓани – нерезиденти на РМ;
  • Поднесување на барање за враќање на повеќе / погрешно платен персонален данок, од страна на фирмите и на граѓаните;
  • Преглед и увид од страна на фирмите – исплатувачи на приходи и на граѓаните, за исплатените / остварените приходи и платениот / неплатениот персонален данок.
ИЗДАВАЊЕ НА ПОПОЛНЕТА ГОДИШНА ДАНОЧНА ПРИЈАВА ОД УЈП И ПОТВРДА НА ПРИХОДИТЕ ОД СТРАНА НА ГРАЃАНИТЕ
 
Регистрирајте се на системот е-Персонален данок e-pdd.ujp.gov.mk за да може УЈП да ви ја достави пополнетата Годишна даночна пријава (ПДД-ГДП) на вашата е-пошта. Со издавање на пополнетата Годишна даночна пријава, УЈП планира да отпочне во 2019 година за приходите кои граѓаните ги оствариле во 2018 година. Доколку се согласувате со пополнетата Годишна даночна пријава издадена од УЈП, не мора да преземете никакво дејствие, бидејќи УЈП по истекот на рокот ќе ја смета за конечна и потврдена. Доколку не се согласувате со пополнетата Годишна даночна пријава издадена од УЈП, потребно е да извршите корекција во определниот рок. УЈП ќе ја разгледа вашата корекција на пополнетата Годишна даночна пријава и доколку корекцијата не се прифати, вашите годишни приходи и персонален данок ќе се утврдат со донесување на Даночно решение.

Насоките за поднесување, пријавување и плаќање на персоналниот данок на доход за фирмите и граѓаните се преземени од брошурата на УЈП која можете да ја погледнете на следниот линк (отвори брошура)