објавено на 28.01.2014 година

Податоци за пресметка на плата и надоместоци од работен однос за месец Јануари 2013 година

Согласно соопштението на ДЗС број. 4.1.14.10 од 28.01.2014 година индексот на просечната месечна исплатена нето плата по вработен....

објавено на 29.09.2015 година

Податоци за пресметка на плата и надоместоци од работен однос за месец Септември  2015 година

Согласно соопштението на ДЗС број. 4.1.14.75 од 28.09.2015 година индексот на просечната месечна исплатена нето плата по вработен....

објавено на 24.12.2014 година

31 Јануари - рок за доставување на извештајот за исплатени приходи по основ на вршење на откуп на цврст отпад 

 

Ве известуваме дека согласно член 77, став 5 од Законот за персоналниот данок на доход (“Службен весник на РМ” бр.80/93...13/14) исплатувачите кои во 2014 година вршеа откуп на корисен цврст отпад од физички лица кои не се трговци поединци се должни до Управата за јавни приходи да  достават Годишен извештај за исплатените приходи НАЈДОЦНА ДО 31 ЈАНУАРИ 2015 ГОДИНА.


НAПОМЕНА : Во постапка на донесување е нов Правилник со кој ќе биде пропишана формата и содржината на Годишниот извештај за откуп на корисен цврст отпад за кој навремено ќе Ве известиме со неговото објавување. 

објавено на 09.12.2014

Аконтација за данок на добивка за месец Ноември 2014

 Процентот на кумулативниот пораст на цени на мало за месец Ноември 2014 година изнесува -0,8%

Напомена: Поради негативниот коефициент за МДБ за месец Ноември 2014 година, аконтацијата за данок на добивка за овој месец ќе се пресметка како 1/12 од Годишниот данок утврден во Даночниот биланс. 

 

 

 

ОБЈАВЕНО НА 05.02.2015 ГОДИНА

Калкулатор за утврдување на основицата за пресметка на придонеси за договори за дело, авторски договори и други договори

Управата за јавни приходи во новото соопштение од 05.02.2015 на нивната веб страна објави КАЛКУЛАТОР ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ОСНОВИЦАТА ЗА ПРЕСМЕТКА НА ПРИДОНЕСИ за договори за дело, авторски договори и други договори...

 

објавено на 09.12.2014 година

Aконтација за данок на добивка за месец Ноември 2014 година


Процентот на кумулативниот пораст на цени на мало за месец Ноември 2014 година е -0,8%

Напомена: Поради негативниот коефициент за МДБ за месец Ноември, аконтација на данокот на добивка за овој месец ќе се пресмета како 1/12 од Годишниот данок утврден во Даночниот биланс.

 

ОБЈАВЕНО НА 09.12.2014 ГОДИНА

Aконтација за данок на добивка за месец Ноември 2014 година


Процентот на кумулативниот пораст на цени на мало за месец Ноември 2014 година е -0,8%

Напомена: Поради негативниот коефициент за МДБ за месец Ноември, аконтација на данокот на добивка за овој месец ќе се пресмета како 1/12 од Годишниот данок утврден во Даночниот биланс.

објавено на 29.12.2014 година

Лично ослободување за ПДД за 2015 година

Во „Сл. Весник на РМ“ бр.195/14 од страна на Министерството за Финансии беше објавено личното ослободување за 2015 година.

Согласно објавата на Министерството за финансии, личното ослободување по основ на лични примања од плата од работен однос и пензија, месечно се утврдува во износ од 7.320,00 денари и ќе почне да се користи со исплатата на јануарската плата за 2015 година.

На годишно ниво личното ослободување за персоналниот данок на доход за 2015 година изнесува 87.840,00 денари.

објавено на 01.01.2014 година

Нова референтна стапка за пресметување на стапката на казнена камата од 01.01.2014 до 30.06.2014 година

 

НБРМ ја објави новата референтна стапка за пресметување на стапката на казнената камата за периодот од 01.01.2014 до 30.06.2014 година која изнесува 3,25%.

Врз основа на тоа:

  • Стапката на казнената камата во денари помеѓу трговските договори и договорите помеѓу трговци и лица на јавното право, изнесува 13,25% и,

  • Стапката на казнената камата во денари во договорите во кои барем едно лице не е трговец, изнесува 11,25%.

Едномесечната стапка на Еурибор изнесува 0,216

објавено на 02.01.2014 година

Нови рокови и електронско поднесување на годишните извештаи за персонален данок за 2013 

 

Со измените во Законот за персоналниот данок на доход и Законот за даночна постапка („Службен весник на РМ“, бр. 187/13), економските субјекти имаат обврска годишните извештаи - образец ПДД-ГИ, ПДД-ГИ/ОЗП и ПДД/ГИ-ЗП задолжително да ги поднесуваат по електронски пат преку системот е-Даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk, најдоцна до 31 јануари 2014 година.

Годишен извештај за исплатените приходи во 2013 (ПДД-ГИ)

Eкономските субјекти (правно лице, трговец-поединец, занаетчија, лица кои вршат слободни занимања и др.) кои во изминатата 2013 година извршиле исплата на приходи на физички лица/граѓани имаат обврска по електронски пат преку https://etax-fl.ujp.gov.mk да поднесат Годишен извештај (образец ПДД-ГИ), најдоцна до 31 јануари 2014 година.
Во Годишниот извештај ПДД-ГИ, економските ....

123 ... 7