Сметководствен и даночен консалтинг

Во овој домен екипата на Рафајловски консалтинг во секој момент точно Ве советува за законските прописи од областа на даноците и сметководството, како и нивната секојдневна практична примена, потоа за данокот на додадена вредност, данокот на добивка, персоналниот данок на доход, царините, акцизите, со еден збор за сметководственото работење во целост. Сево ова на нашите клиенти им е достапно во секој момент, вклучувајќи ја и можноста за мобилна комуникација.

Судски застапувања

За потребите на нашите коминтенти, стручниот тим на Рафајловски Консалтинг со положен правосуден испит вршува судски застапувања, од областа на деловното право. Застапувањата се вршат согласно позитивната законска регулатива на Република Македонија врз основа на Законот за трговските друштва, Законот за облигационите односи, Законот за работни односи, Законот за ПИО и други закони.
Поврзаноста меѓу правото и економијата што во основа го претставува и деловното право ќе ја пронајдете во нашата компанија.

Изработка на сите општи акти на друштвата

Како пионери во областа на Законот за трговските друштва, како и во областа на финансиската и сметководствената политика, Рафајловски Консалтинг врши изработка на сите општи акти врз основа на кои компаниите го засноваат своето деловно работење. Покрај актите за основање на друштвата, изработуваме акти од областа на сметководствените политики, финансиските политики, менаџмент и бизнис планови, организација на човекови ресурси, организација на информационите системи, изработка на развојни планови и испитување на пазарот за потребите на нашите коминтенти.

Регистрација на компании

Согласно Законот за трговските друштва и барањето на нашите коминтенти вршиме секаков вид регистрација, како и измени и дополнувања на регистрацијата на трговските друштва.

Изработка на студии, програми и бизнис планови

Брзиот развој на економските текови сe повеќе ги поттикнува компаниите да ангажираат надворешни стручни кадри од различни области. Рафајловски консалтинг за тие потреби, како независна реномирана куќа сe повеќе се вклучува во контролата и развојот на компаниите во Република Македонија. За тие потреби изработуваме студии, програми и бизнис планови врз основа на кои ќе се утврди начинот на развој на компанијата, како и начинот за контрола на нејзината успешност.

Елаборати за проценка на капиталот на компаниите

Рафајловски консалтинг долги години работи на проекти за проценка на вредноста на компаниите и учествуваше во трансформацијата на општествениот капитал. Проценката ја вршат овластени проценители согласно македонската позитивна законска регулатива.